Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Дел од онколошките пациенти повторно се без терапија – нема терапија за рак на дојка, меланом и бели дробови

Press OnlinePress Onlineаприл 10, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и за меланом и карцином на бели дробови, реагираат од Здружението Хема – Онко.

Ана Марјановиќ од Здружението Хема – Онко истакна дека тендерските процедури за годишната набавка и административните кочења се причина што тешко болните се оставени без терапијата која им е неопходна.


„Тендерот беше многу касно објавен незнам од кои причини е тоа. Ние од почетокот на февруари знаеме дека нема да има доволно терапија. Само се надевам дека откако е започната целата процедура дека ова нема да се оддолжи до после празниците и дека ќе успеат да го завршат до празниците и да не биде после 1 мај, што значи дека пациентите повеќе од месец и половина ќе бидат оставени без терапија“, изјави Марјановиќ.

Од Клиниката информираат дека процедурата за годишната набавка на терапија е во тек и кон крајот на наредната недела или веднаш после Велигден ќе се потпишеле договорите со добавувачите за да почнат да ги носат лековите кои недостигаат.

„Постапката е завршена од страна на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија и моментално е на управна контрола во БЈН. По завршување на административните процедури ќе може да се потпишуваат договорите со добавувачите на лекови“, информираат од здравствената установа.

Во административен лавринт се заглавени и пациентите кои треба да земаат таблетарна терапија од аптеките со цел да се намали метежот од пациентите кои ја земаат овој вид на терпија од Клиниката за онкологија. Посочуваат дека иако буџетот за оваа година на оваа Клиника се зголемил за три милијарди денари, тие досега не виделе бенефит. Она што останува најголем проблем се долгите редови пациенти на клиниката пред се поради се уште невработен нов персонал.

„Буџетот се зголеми, огромна благодарност што имаме поголем буџет за онколошките пациенти, меѓутоа сега за сега не чувствуваме ништо плус од тоа што ни го зголемија буџетот. Нови вработувања на Клиниката нема иако постојано апелираме дека таму има потреба од дополнителен персонал сеуште не се вработуваат ниту ангажираните со договор на дело, незнам зошто се чека толку долго“, вели Марјановиќ.

Поврзани содржини

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

Измамници продавале „молитви во тегли“ на родители на загинати во пожарот во Кочани

Ристоска бара извинување од Латас кој ја клеветел дека неовластено земала 100.000 евра

СДСM: Дали Договорот со Велика Британија остава простор во иднина да се разговара за сместување на мигранти?

Македонија не го почитува Договорот за добрососедство и врши кампања против нас што е навредливо за помошта што ѝ ја обезбедуваме, велат од бугарската проруска партија Преродба

Најнови вести

Папата го повика Израел да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа

мај 21, 2025

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

мај 21, 2025

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

мај 21, 2025

Осудени родителите на ученикот кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

мај 21, 2025
СПОРТ

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.