Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Идеја: Соединети Европски Држави (СЕД) налик Соединети Американски Држави

Press OnlinePress Onlineаприл 10, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пишува: Проф д-р Иван Анастасовски

Денес имав исклучителна чест и задоволство на покана на поранешниот претседател на Македонија Проф. д-р Ѓорге Иванов да бидам дел од конференција која е организирана од страна на Кабинетот на поранешниот претседател Иванов во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Алумни асоцијацијата Иванов Школа за млади лидери (ISLAA), каде што покрај учеството на претседателот Иванов говорници беа и поранешните претседатели на Србија Борис Тадиќ, на Хрватска Проф. д-р Иво Јосиповиќ, и поранешниот претседавач со претседателство на Босна и Херговина Младен Иваниќ.


Слушајќи ги внимателно се доаѓа до констатција дека не е спорно тоа дека секој од нив поединечно има инзворени интелектуални капацитети но не и исти политички перформанси ставови. Исто така, секој од нив говорешно отворено без ракавици каде што може да се востанови разлика кога говорите како актуелен носител на висока јавна функција и како поранешен носител на висока јавна функција.

Она што посебно ми остави впечаток е говорот на поранешниот претседател на Хрватска (земја членка на ЕУ), Проф. Д-р Иво Јосиповиќ кој и самиот се стави во редот на сите они кои се чувствуваме како европејци, иако ние овде имаме големо разочарување од политиките на поедини членки на ЕУ кон нашата Македонија, но тоа не би требало да ни биде причина за откажување од европскиот пат. Силната порака која ја потенцираше г-дин Јосиповиќ а одекна многу силно и би требало да се најде начин да допре до европските лидери е тоа што можеби е дојдено време за сериозна реформа во Европската Унија и тоа почнувајќи од самиот назив на Унијата, каде многу јасно се кажа дека е време Унијата за да може да опстои и продолжи да биде синоним за правда, еднаквост и солидарност да се применува во Соединетите Европски Држави по примерот на Соединетите Американски Држави. Дојдено е време на тоа да големите европски сили кои ја формирале унијата да почнат да се откажуваат од својата доминација и воедно да почнат да ги прифаќаат и помалите, помалку развиените држави кои и географски се дел од таа Европа нешто по примерот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) каде секој глас е еднаков и на една Германија со илјадници регистрирани фудбалери, на една Англија, Франција исто како и на една Македонија, Грузија, Србија, Босна или Албанија секој е еднаков, секој е значаен.

Еден ваков отворен и пријателски пристап кон сите кои се дел од таа Европа може со сигурност да отпочне да го намалува влијанието кои доаѓа од истокот на база на европскиот скептицизам, и е доминантно на Балканот каде луѓето ја губат довербата во ЕУ наспроти верувањата дека Русија е спас за овој дел од Европа. Ако над 80 % од македонците се децидни дека несакаат во моментов промена на нашиот Устав со вметнување на бугарите во него, оти нивните чувства се повредени но и се прелажани со промената на нашето име на нашата држава тогаш е коректно да се најде поинакво политичко решение (а може ако се сака) и да нашата држава Македонија биде дел од тоа европско семејство и при тоа притисокот да биде кон бугарската страна како членка на Европска Унија. Но да бидам дециден Европа не е тоа што треба да биде ако таму не се најдат една Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Македонија кои полека ќе ја комплетираат сликата за таа географски единствена Европа насловена Соединетите Европски Држави.

Факт е тоа дека секој еден наш граѓанин мора да знае дека патот кон членството во Европската Унија е сложен процес кој вклучува повеќе аспекти, вклучувајќи политички, економски и социјални реформи. Земјите кандидати, вклучувајќи ги и државите од Западен Балкан, се соочуваат со различни предизвици и можности на овој пат. Еве некои од клучните перспективи за држење на тој правец и тоа преку политичка стабилност и реформи со постигнувањето на политичка стабилност спроведување на реформите барани од страна на ЕУ како основни услови. Ова во себе вклучува добро владеење, зголемување на транспарентноста и отчетноста на властите, понатака толку посакуваната борба против корупцијата, а тука како дел од европското семејство мора да ги применувате ефективните стратегии за борба против корупцијата со цел да ја подобрувате правната држава. Она на што многу се води грижа во Европската Унија се социјалните аспекти и правата на човекот, па оттаму за да имате брз напредок на патот кон ЕУ, важно е да се фокусирате на заштита на човековите права и социјалната правда преку недискриминација и инклузија на начин на создавање на политики кои го промовираат правото на сите граѓани, без оглед на нивната етничка, религиска или друга идентификација. Исто така многу е значајна дипломатска поддршка преку решавање на регионалните.

Лично како човек кој не се откажува од европскиот сон, и кој воедно се чувствува како европеец денес имав исклучителна прилика да ја слушнам оваа извонредна идеја за Соединети Европски Држави каде секој еден жител на тоа големо европско семејство ќе се чувствува рамноправен без оглед дали е од француска, полска, србска, македонска, албанска, шпанска или грчка националност како национален идентитет преку кој треба да се дефинира европскиот идентитет на секој од нас.

Поврзани содржини

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини.

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

СДСМ: Во Ѓорче Стојковски и ВМРО-ДПМНЕ планирале 5,5 милиони евра за нови згради, но ниту евро за градинка, училиште и гаража

Николоски: 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти преку договорот со Обединетото Кралство

Иванов се враќа на сцена – со Муцунски здружени за културна дипломатија, ќе го промовира македонскиот идентитет во светот

Николовски до министерот Трипуновски: Што се случува со зелената нафта и здравиот оброк за децата?

Најнови вести

Само што ги усвои, ЕУ подготвува нов, 18-ти пакет санкции против Русија

мај 21, 2025

Бомба во Мадрид: Реал тргнува по Нико Вилијамс!

мај 21, 2025

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини.

мај 21, 2025

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

мај 21, 2025

Европската комисија предлага баратели на азил да може да бидат депортирани во трети земји

мај 21, 2025
СПОРТ

Бомба во Мадрид: Реал тргнува по Нико Вилијамс!

мај 21, 2025

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

И Мики Маус влегува во Формула 1

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.