Јужноафриканските власти соопштија дека хеликоптер се урнал откако пингвин во картонска кутија случајно ги поместил контролите на леталото, кое подоцна паднало.
Инцидентот се случил на 19 јануари, по полетувањето во провинцијата Источен Кејп, пишува „Дејли Мејл“.
На 8 април властите објавија официјален извештај и наведоа дека пингвинот е причина за несреќата на хеликоптерот.
Во несреќата немало повредени, а во хеликоптерот биле четири лица.
I know that Penguins don’t fly, but in this case a Penguin went a step further and caused a helicopter to crash: pic.twitter.com/15AfPUpchh
— Scott Manley (@DJSnM) April 10, 2025