Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Семејството на Теодора не го поддржува протестот организиран во Скопје од иницијативата “Кој е следен”

Press OnlinePress Onlineаприл 10, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Семејството на прегазената Теодора Ристовска преку социјалните мрежи се обрати до целата јавност. Во објавата се изразува огромна благодарност до целата јавност, до медиумите, но и до премиерот Мицкоски за реакцијата. Она што е особено важно, а е по повод организираниот протест во Скопје од иницијативата “Кој е следен” семејството нагласува дека не го поддржува истиот протест од причина што самиот треба да се одржи во градот Тетово каде што живееше Теодора и каде што и згасна животот. Во овјавата се вели “Доста е од иницијативи што не ги слушаат семејствата, што жртвите ги користат како алатка за туѓи цели”.

“Најпрво, искрена благодарност до целата јавност, медиумите и особено до Премиерот Христијан Мицкоски за навремената реакција и поддршка. Веруваме дека таа поддршка веќе дава резултати и се надеваме дека Судскиот совет ќе постапи по скандалозната пресуда на судијата Ељведин Ферати. Како семејство имаме сомнежи дека зад одлуката стојат политика, мито и корупција, и нема да запреме додека не се изнесе правдата на виделина.


Во врска со најавениот протест во Скопје од иницијативата “Кој е следен?” јавно кажуваме: НЕ ГО ПОДДРЖУВАМЕ.

Никој не нè праша, не нè извести, не побара мислење. Зошто протест во Скопје кога сè се случи во Тетово? Таму живееше Теодора, таму беше убиена, таму судијата донесе срамна одлука, и таму шета слободно убиецот.

На последниот протест, нашата мајка лично побара протест во Тетово, беше одбиена. Зошто?
Јавно прашуваме: каде беше “Кој е следен?” кога се изрекуваше срамната пресуда? Каде беа кога беше најпотребно?

Доста е од иницијативи што не ги слушаат семејствата, што жртвите ги користат како алатка за туѓи цели.

Затоа повикуваме:
Тетовчани, излезете со нас за Теодора, за вистината, за правдата.

Не во Скопје. Не со нив. Во Тетово, каде што почна неправдата, таму мора да заврши. Без политиканство! Наша единствена политика е Теодора!
ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!

Поврзани содржини

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

Измамници продавале „молитви во тегли“ на родители на загинати во пожарот во Кочани

Ристоска бара извинување од Латас кој ја клеветел дека неовластено земала 100.000 евра

СДСM: Дали Договорот со Велика Британија остава простор во иднина да се разговара за сместување на мигранти?

Македонија не го почитува Договорот за добрососедство и врши кампања против нас што е навредливо за помошта што ѝ ја обезбедуваме, велат од бугарската проруска партија Преродба

Најнови вести

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

мај 21, 2025

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

мај 21, 2025

Осудени родителите на ученикот кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

мај 21, 2025

Украински политичар застрелан пред Американското училиште во Мадрид

мај 21, 2025

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025
СПОРТ

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

мај 21, 2025

Тренерот на Челси бесен поради одлука во Шпанија: „Тоа не е нормално!“

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.