„Оваа недела веруваме дека Американците ќе имаат средба со Русите на одредено ниво. Мислиме дека нашата средба со Американците би можела да се случи следната недела“, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски во разговор со новинарите.
Тој потсети дека „Русија ги прекршува договорите за прекин на огнот во енергетските капацитети и мир на море“.
„Првиот разговор беше пред речиси пред еден месец меѓу Трамп и Путин, каде што Путин рече дека се е договорено, и нема да удри врз енергетскиот сектор. Потоа удри врз енергетскиот сектор, што значи дека договорот не функционира“, изјави Зеленски.