Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ претендираат за трет мандат спротивно на Законот

Press OnlinePress Onlineаприл 11, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение за јавност на Левица:

„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет на МРТ е пет години, со право на уште еден мандат. Ова би им бил трет мандат на овие луѓе, што е директно спротивно на Законот и, автоматски, би требало да значи нивна дисквалификација. Ова, особено, важи за кандидат кој веќе, речиси, 13 години бил претседател на Програмскиот совет”, истакна пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата на која се вршеше проверка на кандидатурите доставени за именување на членови на Програмскиот совет на МРТВ.


– Во однос на нивната досегашна работа, може многу да се дискутира, затоа што постојат сериозни сомнежи и за противзаконски постапки. Но, она што е кристално јасно е дека, според член 118, сите четворица кандидати треба веднаш да бидат дисквалификувани од понатамошната постапка – образложи пратеникот Мециновиќ. 

За потсетување, портпаролот на Левица одржа и прес – конференција во контекст на актуелната собраниска процедура за именување нов Програмски совет на МРТ на која отвори низа прашања поврзани со легитимноста и транспарентноста во работењето на јавниот сервис. Притоа, Мециновиќ потсети дека актуелниот генерален директор првпат е именуван во 2012 година, по што е реизбран во 2015 и 2018 година, но оттогаш нов конкурс не е распишан. Тој го нарече ова „директор со три мандати плус еден гратис” и нагласи дека ваквата состојба е спротивна на законот. Според Мециновиќ, уште од 2021 година постојат најави дека Програмскиот совет ќе распише нов конкурс за генерален директор, но тоа никогаш не се случило.

Поврзани содржини

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

Измамници продавале „молитви во тегли“ на родители на загинати во пожарот во Кочани

Ристоска бара извинување од Латас кој ја клеветел дека неовластено земала 100.000 евра

СДСM: Дали Договорот со Велика Британија остава простор во иднина да се разговара за сместување на мигранти?

Македонија не го почитува Договорот за добрососедство и врши кампања против нас што е навредливо за помошта што ѝ ја обезбедуваме, велат од бугарската проруска партија Преродба

Најнови вести

Папата го повика Израел да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа

мај 21, 2025

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

мај 21, 2025

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

мај 21, 2025

Осудени родителите на ученикот кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

мај 21, 2025
СПОРТ

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.