Владата на Доминиканската Република објави дека бројката на загинати во трагедијата со уривањето на покрив на дискотека се искачи на 221 лице.
Извештајот не ја разјасни причината за трагедијата, и се очекува тим од национални и од меѓународни експерти да ја продолжи истрагата.
Трагедијата се случи во ноќниот клуб „Џет сет“ за време на концерт на пехачот Руби Перез, кој е меѓу загинатите.
Над 4500 работници за итни случаи беа распоредени на местото на настанот.
Од урнатините се спасени 189 лица, а 17 од нив се уште се во болница.