Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Еко-активистите побараа одговорност на протест за загадувањето на Крива Река

Press OnlinePress Onlineаприл 12, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Крива река не ви е крива“ порачаа денеска еко-активистите на протестот во врска со загадувањето на Крива Река, кое се случи по хаварија во рудникот Тораница, управуван од компанијата „Булмак 2016“. Пред Министерството за животна средина и просторно планирање присутните побараа одговорност, увид во анализите на водите како и мерки за заштита на водоснабдувањето во регионот.

Ивана Дракулевска од Зелен Хуман Град изјави дека последната хаварија во рудникот Тораница ја покажа човечката негрижа кон животната средина.


-Пукната цевка од рудникот ја загади Тораничка Река, која потоа се влева во Крива Река, па на видеоснимките од локалните жители можевме да ја видиме реката низ која наместо вода, изгледа како да тече бетон. Го немаме луксузот да бидеме рамнодушни и да молчиме, како што молчат оние што беа должни да го спречат овој инцидент, рече таа.

Дополни дека бараат да се покрене истрага за надлежните лица во инсистуциите кои, според нив, морале да си ја завршат работата согласно законот а тоа не го направиле.

-Особено Државниот инспекторат за техничка инспекција и за инспекторите кои не земале мостри дента на настанот. Дали го провериле и следеле квалитетот на опремата која што располагал рудникот, техничката опрема, цевките, дали се исправни, дали не, ова можело да се предвиди и да се превенира. Не можеме да очекуваме цевка која што е стара 30 години ќе трае вечно, посочи Дракулевска.

Дејан Димитровски од Зелените од Гази Баба апелираше до властите да ги тргнат рацете од животната средина.

-Увидовме дека има пропусти. Кратко би апелирал до сите претходни влади и оваа сега да ги тргнат рацете од животната средина, затоа што тоа е нешто најважно, граѓаните го заслужуваат и по устав. Тргнете ги бизнис интересите од здравјето на граѓаните. Поминаа 30 години, ние секоја година излегуваме на улица се бориме за здравјето на граѓаните но нема никакви резултати, рече тој.

Ива Петровска од Зелен Хуман Град истакна дека приоритет треба да биде чистата вода.

-Како Вардар ја краси Македонија кога сега имаме дополнително загадување и на Крива Река која се влева во Пчиња, која е заштитена и чиста во Србија, а се влева во Вардар. До кога ќе си играме мајтап со реките, треба ли да останеме без нив за да го ставиме фокусот и приоритетот на тоа дека водата треба да е чиста?, праша таа.

Случајот со Крива Река се однесува на загадување на водата во реката, кое се случи по хаварија во рудникот Тораница, управуван од компанијата „Булмак 2016“. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово започна истрага за да утврди причините и последиците од загадувањето. Истрагата потоа ја презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Според анализите, водата во реката е сериозно загадена со цијанид и тешки метали, што претставува опасност за здравјето на локалното население и животната средина.

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, тогаш изјави дека Еколошкиот инцидент во рудникот Тораница нема да остане на половина пат и целосно ќе биде расчистен и ќе има правна разрешница.

-Според А интегрираната дозвола што ја има рудникот не смеело да им пукне цевка и да се излее вода во Тораничка Река за што веќе се казнети правното и одговорното лице. Загадување имало, се излеало јамска вода, но во какви размери е загадувањето и дали е за кривична одговорност не може пред време да прејудицираме, рече таа.

Од Зелен Хуман Град велат дека институциите што требаше да ја спречат хаваријата во рудникот Тораница не само што дозволија таа да се случи, туку и затаија. Оттаму имаат повеќе барања помеѓу кои објавување на сите извештаи и анализи.

-Бараме објавување на сите извештаи и анализи од Државниот инспекторат за животна средина и Технолаб, истрага за службените пропусти при надзорот од Државниот инспекторат за техничка инспекција, вклучувајќи ги и државните инспектори за геологија, рударство и опрема, производи и постројки, кои се задолжени за преглед, контрола и евиденција на техничките карактеристики и безбедноста. Дополнително, бараме конкретни мерки за спречување на понатамошно загадување и обврска за транспарентност и достапност на сите информации што се од јавен интерес во најкус можен рок, бараат оттаму.

Поврзани содржини

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

Ван Нистелрој го напушта Лестер на крајот од сезоната

Арсовска му врати на Мицкоски: Сѐ уште не ги знае законите и нема основни познавања како функционира локалната самоуправа

Николоски од Лондон: Со шесте милијарди евра од Обединетото Кралство, Македонија ја носиме на

Меџити: Историски договор со Британија за решавање на проблемот со опасен отпад

Хорор за скопјанка – Сопругот ја претепал, ѝ го скршил телефонот и ѝ го уништил автомобилот – двапати за еден ден!

Најнови вести

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

мај 23, 2025

Во Австралија поплави како што немало во последните 100 години, најмалку две лица загинаа

мај 23, 2025

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Ван Нистелрој го напушта Лестер на крајот од сезоната

мај 23, 2025

Арсовска му врати на Мицкоски: Сѐ уште не ги знае законите и нема основни познавања како функционира локалната самоуправа

мај 23, 2025
СПОРТ

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Никола Јокиќ доби нов главен тренер: Денвер објави кој ќе ги предводи Нагетсите

мај 23, 2025

Бекер со отворено срце за Ѓоковиќ: „Го сакам како брат, но мора да биде реален“

мај 23, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.