Владата на Република Србија денеска ја одржа првата седница со која претседаваше премиерот Ѓуро Мацут.
Членовите на Владата ги усвоија решенијата неопходни за работата на Кабинетот на премиерот Мацут.
На седницата за генерален секретар на Владата на Србија е именуван Петар Јањиќ, соопшти Владата.
Редовните седници на Владата на Србија ќе продолжат да се одржуваат во четврток, како што е пропишано во деловникот за работа на Владата.
Премиерот Мацут им го честиташе изборот на министрите и им посака успешна работа.