Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Соединетите Американски Држави водат добри разговори со Кина, во услови на тековната трговска војна со царините меѓу двете земји.
„Патем, имаме убави разговори во тек со Кина… Тоа е навистина многу добро“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, пренесе Ројтерс.
Тој не понуди повеќе детали за разговорите со Кина.