Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Денес е Велика Сабота – саботата пред Пасха

Press OnlinePress Onlineаприл 19, 2025 МАГАЗИН
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во светата и Велика Сабота го празнува боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот Исуса Христа, преку Кого нашиот род беше призван и пријде во вечен живот.

Сите дни ги надминува Светата Четириесетница, од целата света Четириесетница, најголема е Страстната и Велика седмица, а од Страстната седмица најголема е Великата и Света Сабота.

Не се нарекува велика седмица затоа што тие денови се поголеми или часовите подолги, туку заради великите и надприродни чудеса и дела на коишто нашиот Спасител ги изврши во неа, а најмногу во Великата Сабота.

Како што во првото создавање на светот, откако го изврши секое дело, а најглавното последно – во шестиот ден го создаде човекот, во седмиот ден Он одмори од сите Свои дела и тој ден го освети нарекувајќи го сабота, што се толкува како „одмор“.

Така и сега, откако изврши сè извонредно, а во шестиот ден го пресоздаде изветвениот човек и го обнови со живоносниот Крст и со смртта, во следниот седми ден се упокои од извршените дела, заспивајќи со животворен и спасителен сон.

Словото Божјо слегува со телото во гроб, слегува и во адот со Својата нетлена и Божествена душа, разделувајќи се во смртта од телото коешто го предаде во рацете на Отецот, Кому му ја принесе и Својата Крв, што стана избавување за нас.

Во адот, Господовата душа не беше задржана како другите свети души, бидејќи Тој не подлежеше на прародителската клетва како тие. Се всели во гроб, нашиот Господ Исус Христос телесно и со Божеството. Беше со разбојникот во рајот и во адот беше со Својата обожена душа.

Натприродно и со Отецот и Духот седеше, како Бог неопислив секаде беше истовремено. Божеството не пострада во гробот, како што не пострада ниту на Крстот. И тление, односно разделување на душата од телото, претрпе Телото Господово, но распаѓање на телото – не.

Јосиф, пак, откако го зема светото Тело Господово, во погреба во нов гроб близу Јерусалим, во градина, и на влезот стави голем камен.

Јудејците, пак, по петокот, пристапија при Пилата и му рекоа: „Господине, помниме дека оној измамник рече, додека беше жив, дека по три дни ќе воскресне, затоа сметаме дека е добро твојата власт да им заповеда на војниците да го запечатат гробот.“

Кога рече Христос „ќе воскреснам“? Можно е ова Јудејците да го заклучија од историјата за Јона. Пилат им одговори: „Ако бил измамник, зошто се грижите за Неговите зборови? Тогаш значи е умрен.“

Безумните велеа: „Ако го осигураш гробот, нема да го украдат.“ Пилат им заповеда сами со војниците да одат и да го запечатат гробот со свој печат, а не со туѓи стражари и туѓ печат, за да не излаже некој за Воскресението Господово.

Адот, пак, е избезумен бидејќи чувствува голема сила: заради неправедното примање на Христа, тврдиот и аголен камен, ги изблу и сите мртви кои од памтивек ги држеше во својата утроба и ги имаше за храна.

Поврзани содржини

Еве кои земји одат во финале!

Ќе слушнеме песни на 18 натпреварувачи

Вечерва во Базел прва полуфинална вечер на песна за Евровизија

Дневен хороскоп за вторник, 13-ти мај 2025 година

Мнозинство Швајцарци ја поддржуваат забраната на социјалните медиуми за деца под 16 години

Мексико го тужи „Гугл“ поради промена на име на залив

Најнови вести

Алонсо сѐ уште не го презеде Реал, а веќе отпиша четири ѕвезди

мај 14, 2025

Адеми за заминувањето на Таравари од Владата: Малкумина беа, а уште помалку останаа

мај 14, 2025

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

мај 14, 2025
СПОРТ

Алонсо сѐ уште не го презеде Реал, а веќе отпиша четири ѕвезди

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.