Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

ВМРО-ДПМНЕ: Извинувањето на Љутков е коректен гест што јасно покажува разлика во пристапот

Press OnlinePress Onlineаприл 20, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

63

СДСМ денес, кога се прославува Велигден, дрско повторно се обидува да го дефокусира вниманието од катастрофалното наследство што ѝ го остави на Македонија во културата, велат од ВМРО-ДПМНЕ за денешното соопштение од партијата на Венко Филипче. Според партијата на власт, „јавноста добро памети кој ја газеше културата, кој ја претвори во мрежа на партиски вработувања и кој го користеше Министерството за култура како алатка за наградување на блиски личности и фаворизирани „уметници“.

За извинувањето на министерот Зоран Љутков поради тоа што културните работници не добија плата пред големиот христијански празник, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е коректен гест што јасно покажува разлика во пристапот.

-За разлика од времето на СДС, кога грубите навреди и дисквалификации врз уметници и институции беа секојдневие, денес имаме отчетност, одговорност и сериозен однос, стои во соопштението од најголемата владеачка партија, додавајќи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на вистинските вредности во културата – без привилегирани, без партиски кланови, туку со поддршка за сите што навистина творат, вложуваат и придонесуваат.

Според СДСМ, Владата направи груб и срамен удар врз културните работници токму во пресрет на Велигден.

-СДСМ прашува, зошто не се почитува колективниот договор? Зошто културните работници се навредуваат од страна на институцијата што треба да ги штити? Ако Љутков не е способен да ги исполни обврските, нека си поднесе оставка, велат од најголемата опозициска партија, истакнувајќи дека културните работници создаваат вредности, чуваат традиција и заслужуваат третман со достоинство, а не молк, навреди и игнорирање.

Со обвиненија се огласија и од Левица. Оттаму велат дека министерот за култура изјавил како планот на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е да го приватизира културното наследство, што, според Левица, е да му се даде на приватниот капитал да ни ја раскажува историјата, да ни го обликува идентитетот. Левица бара министерот и владеачката партија од каде што доаѓа да не си играат со културното наследство заради задоволување нечии апетити.

-Наместо приватизација, треба да се вложуваат ресурси во заштита, дигитализација и промоција на културното наследство преку јавни политики, соработка со експерти и вклучување на заедниците. Алтернативи како јавно-приватни партнерства со строго дефинирани услови може да бидат компромисно решение, но секогаш под надзор на релевантни институции, стои во партиското соопштение.

Љутков им се извини на вработените во културата кои останаа без плата за велигденските празници. Над 3.000 вработени во културните институции останаа без мартовска плата за Велигден, иако платата требаше да се исплати најдоцна до 15 април. Министерот тврдеше дека платата ќе се исплати веднаш по празниците и дека доцнењето се должи на несогласувања околу пресметката по последното зголемување. Синдикатот најавува тужби и повторна активирање на протестите по Велигден.

Поврзани содржини

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

Пренџов: Таравари погреши што не напушти, но Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата додека сме на власт, а ВМРО ДПМНЕ останува против уставни измени

Ристески: Таравари се враќа кај оние кои ја осакатија државната каса

СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Најнови вести

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

мај 14, 2025
СПОРТ

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Сопственикот на Нотингем Форест објасни зошто го нападнал тренерот

мај 14, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.