Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека палестинското движење Хамас повторно го отфрлило договорот за ослободување на некои заложници и нагласи дека Израел нема да ја прекине војната во Појасот Газа додека не ги врати сите киднапирани луѓе и целосно не го елиминира потенцијалот на Хамас.
„Нема да ја завршиме војната додека не го уништиме Хамас во Газа, додека не ги вратиме сите наши заложници и додека не се погрижиме Појасот Газа повеќе да не претставува закана за Израел“, рече Нетанјаху во обраќањето до нацијата.
Тој посочи дека на крајот на неделата, палестинските радикали повторно го отфрлиле предлогот што ќе доведе до ослободување на половина од заложниците кои се уште во Газа и враќање на телата на голем број мртви заложници.