Утрово околу 4:45 часот имало пукање пред хотелот Хилтон во германскиот главен град Берлин, соопштија од полицијата.
Најмалку едно лице е рането. Според првичните информации, осомничени се две лица.
„Можеме да потврдиме дека во близина на хотелот имаше истрели. Едно лице е рането. Истрагата е во тек“, соопштија од полицијата.
Истрагата и натаму трае, а местото на инцидентот е опколено со полициски сили.