Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Фетаи од АА: Не сум ничиј слуга, Ахмети е големиот патриот што го прифати Скопје 2014 како национален проект

Press OnlinePress Onlineаприл 20, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

49

Ден по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој рече дека само Арбен Таравари сфатил дека позициите на Албанците во Македонија се понижувачки, денеска реагираше и вицепремиерот за добро владеење и дел од едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Фетаи, кој ваквите изјави ги нарече лицемерие, бидејќи, како што рече, тој не е ничиј слуга.

-Али Ахмети рече дека Арбен Таравари разбрал оти Албанците во Владата го понижиле и девалвирале својот народ. Колку дрско лицемерие. Ахмети, јас не сум ничиј слуга. Чувајте го овој епитет за себе, вие кои посветено им служевте на антиалбанските сили и го легитимиравте секое злосторство врз Албанците.

Каде бевте кога вашите министри уапсија мајка и ќерка Албанка лажно обвинети за исламистички тероризам? Дали некогаш сте проговориле кога државните структури убиваа албански патриоти? Дали кренавте прст кога толпи хулигани тепаа Албанци по улиците на нашите градови? Каде беше тогаш вашето достоинство, прашал Фетаи во објава на социјалните мрежи.

Вицепремиерот го обвинил Ахмети дека е „големиот патриот кој го прифати Скопје 2014 како национален проект и лавот на ВМРО-ДПМНЕ како илирски симбол“.

-Ти си тој што дозволи институциите финансирани од нашите даноци да ги навредуваат Албанците на национална основа. Вие сте тој што замижуваше пред манипулациите со пописот на населението на штета на Албанците. Вие сте првенствено одговорни што ја испразните државата од стотици илјади Албанци, принудени да ги напуштат домовите.  Никогаш во историјата на Албанците во С.Македонија немало поголемо понижување, повеќе предавство, повеќе мизерија отколку за време на вашето мрачно владеење. Вашиот единствен „успех“ е фрапантното збогатување на вашиот круг на крадци, додека народот беше оставен да страда. Албанците не забораваат. Албанците не простуваат. Вашиот проблем е сметката – и таа ви тропа на врата, порачал членот на АА.

Без да открие детали што разговарал со лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, претседателот на ДУИ потврди дека имале телефонска комуникација. Кратко рече дека „Како што изјави господинот Таравари, имав краток телефонски разговор и ништо повеќе“.

-Со ангажманот на политичките партии на ВЛЕН во извршната власт, тие направија девалвација и ги понижија Албанците во Македонија. Континуирано ги повикувавме да ги напуштат институциите за да не станат дел од понижувањето. За да не бидат дел од девалвацијата на Албанците. Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки и дека тие се само слуга и тоа што ќе им каже агата тоа го прават, порачал Ахмети.

Одлуката на Таравари крилото на АА што го предводи тој на локалните избори да оди со свои советнички листи беше причина да се состанат лидерите и високи функционери на коалицијата ВЛЕН, а по состанокот рекоа дека одлуката на АА е донесена во интерес на ДУИ, чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере.

Како што посочи Изет Меџити од Демократското движење, ВЛЕН не го исклучила Таравари од коалицијата, туку тој се самоисклучил. Според него, ваквата одлука на актуелниот министер за здравство претставува проблем и за Владата, но засега нема одговор дали ќе бараат негово разрешување од министерската функција.

Поврзани содржини

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

Пренџов: Таравари погреши што не напушти, но Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата додека сме на власт, а ВМРО ДПМНЕ останува против уставни измени

Ристески: Таравари се враќа кај оние кои ја осакатија државната каса

СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Најнови вести

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

мај 14, 2025
СПОРТ

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Сопственикот на Нотингем Форест објасни зошто го нападнал тренерот

мај 14, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.