Грчката влада планира до септември да инсталира безбедносни системи за далечинско управување на возовите на целата железничка мрежа со цел да го направи сообраќајот побезбеден, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Најавата за системот за далечинско управување со возот доаѓа повеќе од две години по најтешката железничка несреќа во Грција во која загинаа 57 лица, главно студенти, според Ројтерс.
Директниот судир на патнички и товарен воз на 28 февруари 2023 година, во близина на градот Лариса, стана симбол на долгогодишното запоставување на железничката инфраструктура во Грција.