Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ НА ПОДИУМ ВО АВСТРИЈА

Press OnlinePress Onlineаприл 28, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Игор Стефановски Иџе трката во Австрија од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја заврши на подиум. Иџе го освои третото место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе изминатиов викенд во новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја возеше втората трка во Австрија. Легендарната патеката Рехберт важи за една од најценетите и најстари патеки во Европа. Иџе во првото возење беше четврти, во втората трка направи второ најдобро време на патеката, а овој резултат му обезбеди трето место во генералниот пласман.

„Трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер во Австрија, во конкуренција со над 250 натпреварувачи од цела Европа. Ова е силен успех. Успеавме да се искачиме на подиум во исклучително моќна конкуренција. Благодарен сум на целиот тим и особено на тимот на Ферари, кои со своите нагодувања го направија мојот автомобил перфектен за оваа трка. Тешко е навистина да се натпреварувате против возачи чии возила имаат повеќе од 1.000 кс и погон на сите 4 тркала. Секако, искуството кое го стекнав низ годините во кои се натпреварувам, ми овозможи да им парирам на овие „тркачки ѓавол и секогаш да се борам за висок пласман. Благодарност до моите спонзори и Министерството за спорт за несебичната поддршка на патот кон големите успеси, како за мене, така и во претставувањето на нашата земја” изјави Стефановски.

Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1. ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, годинава има 11 трки, од кои две се завршени.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му го честита успехот и на оваа неверојатна трка. И во следните 9 трки од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ќе бидеме дел од неговиот тим. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

Поврзани содржини

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

Пренџов: Таравари погреши што не напушти, но Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата додека сме на власт, а ВМРО ДПМНЕ останува против уставни измени

Ристески: Таравари се враќа кај оние кои ја осакатија државната каса

СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Најнови вести

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

мај 14, 2025
СПОРТ

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Сопственикот на Нотингем Форест објасни зошто го нападнал тренерот

мај 14, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.