Кардиналите кои денес се состанаа во Ватикан го одредија 7 мај како датум за почеток на конклавата за избор на наследник на папата Франциск, објави новинската агенција Анса, повикувајќи се на извори од Ватикан.
Според правилата на Ватикан, кардиналите ќе учествуваат на свечена миса во базиликата „Свети Петар“ тоа утро, пред кардиналите кои гласаат под 80 години да се соберат во Систинската капела попладне за гласање зад затворени врати кое би можело да трае неколку дена.
Папата Франциск почина на Велигденски понеделник, 21 април, и беше погребан во саботата во базиликата „Света Марија Голема“.