Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска годинешни зет и невеста за Галичката свадба

Press OnlinePress Onlineмај 2, 2025 МАГАЗИН
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Месната заедница Галичник денеска ги објави овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба 2025.

Се работи за младите Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска.

„Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи.

Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – со срце полно љубов и почит кон традицијата.

Зетот и Невестата – Симбол на Љубовта и Традицијата!

Во срцето на Галичник, под сенката на Бистра, секое лето љубовта добива посебна форма. Зетот и невестата не се само млад пар – тие се симболот на вековната традиција, на непрекинатото предание што низ генерации се пренесува со чест и гордост.

Тие чекорат низ Галичник не само како двајца вљубени, туку како чувари на обичајот. Секое движење, секој поглед, секоја песна – сè е длабоко вкоренето во духот на Галичник.

Манукот ја носи гордоста на претците, додека мануката со раскошната носија ја раскажува приказната за момичките од овие планински височини – достоинствени, вредни, горди и полни со љубов. Заедно, тие не се само пар – тие се огледало на Галичник.

Во нивниот поглед се препознаваат љубовта и ветувањето дека традицијата ќе продолжи. И токму затоа, секој што ќе ги види, не гледа само свадба – туку гледа историја што живее“, велат од таму

Поврзани содржини

Заврши второто издание на Деновите на поезијата – Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

Дневен хороскоп за 22 мај 2025 година

Дневен хороскоп за среда, 21. мај 2025

Почина легендарниот актер Џорџ Вент

Семејството Пиг доби нов член

Скопјанецот Јон Ајди потпиша договор со американската издавачка куќа Nvak Collective!

Најнови вести

„И оваа сабота одиме за Кочани“: „Кој е следен“ со нов повик за учество на „Маршот на ангелите“

мај 23, 2025

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

мај 23, 2025

Во Австралија поплави како што немало во последните 100 години, најмалку две лица загинаа

мај 23, 2025

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Ван Нистелрој го напушта Лестер на крајот од сезоната

мај 23, 2025
СПОРТ

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Никола Јокиќ доби нов главен тренер: Денвер објави кој ќе ги предводи Нагетсите

мај 23, 2025

Бекер со отворено срце за Ѓоковиќ: „Го сакам како брат, но мора да биде реален“

мај 23, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.