Во сообраќајна несреќа во Копривница, Хрватска утрово околу 10:20 часто загина поранешниот пратеник на парламентот Жељко Шемпер. Тој беше и градски советник во Копривница.
Несреќата се случила на Вараждинскиот пат, а Шемпер кој управувал со велосипед, загинал на лице место.
На местото на настанот ќе се спроведе увид на лице место, кој ќе го води заменик-окружниот државен јавен обвинител во Вараждин, во соработка со полициски службеници од Полициската станица Копривница.
Шемпер беше дел од седмиот парламентарен состав од 2011 до 2015 година. Беше член на хрватската партија на пензионерите. Беше член на Комитетот за туризам, Комисијата за семејство, млади и спорт, како и Давната комисија за проценка на штети од природни катастрофи во хрватскиот Сабор.
U teškoj prometnoj nesreći poginuo Željko Šemper https://t.co/EX99Mifng1
— tportal (@tportal) May 6, 2025