Српскиот претседател Александар Вучиќ, отпатувал за Москва, каде што ќе биде гостин на Денот на победата на Црвениот плоштад, пишува „Блиц“.
За петок е закажана и билатерална средба со Владимир Путин.
Претходно Летонија и Литванија му забранија прелет на српскиот претседател до Москва, па останува непознато која рута ја користел Вучиќ за да стигне во рускиот главен град.
Денот на победата е закажан за 9. мај со кој се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.
Заминувањето на Вучиќ во Москва доаѓа само неколку дена откако ја прекина посетата на САД поради нарушено здравје, и итно се врати во Белград каде беше примен на Воено медицинската академија во Белград.