Торнадо се формираше во округот Тулчеа во југоисточна Романија и предизвика паника кај локалното население. Жителите добија предупредување за екстремни услови на ова подрачје. Фотографии и виде аод овој несекојдневен феномен се појавија на социјалните мрежи.
Очевидци тврдат дека торнадото било краткотрајно.
„Во Романија, торнадата се последица на особено изразена атмосферска нестабилност. Голата почва без вегетација и високите температурни амплитуди играат клучна улога“, вели директорката на Националната метеоролошка управа на Романија, Флорина Георгеску.
Освен торнадото, во Романија во последните денови има чести бури и обилни дождови. Жолт метеоаларм поради силни бури и врнежи е на сила во речиси пола земја.