2
Кевин Де Бруин во дресот на Ливерпул! Зошто да не, бидејќи Белгиецот не доби понуда од Манчестер Сити да ја продолжи кариерата на „Етихад“ и на крајот од сезоната може да избере каде ќе игра.
И, повикот од „Енфилд“ стигна на адресата на белгискиот ас кој не криеше дека бил навивач на Ливерпул како дете. Постои снимка за тоа.
„Да, порано навивав за Ливерпул. Моето семејство е составено од навивачи на Ливерпул“, рече Де Брујн.
Доколку Белгиецот го носи дресот на новиот шампион на Премиер лигата, тоа би била вистинска „бомба“, и голем удар за Манчестер Сити, кој се откажа од него. Сè уште има финансиски моќна понуда од Саудиска Арабија, но и покана од Наполи да ја продолжи кариерата на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Остануваат уште 20 дена до крајот на Премиер лигата, а се очекува Де Бруин да се бори со Сити за трофејот од ФА Купот против Кристал Палас. И кога завесата ќе се спушти, сè е во негови раце. Можеби тој ќе го исполни сонот од детството, но исто така ги задоволи навивачките склоности на неговото семејство.