53
Ливерпул го врати шампионскиот трофеј во Премиер лигата на „Енфилд“ по пет години пауза. Тимот на Арне Слот ќе биде без својот одличен дефанзивец Трент Александар-Арнолд, бидејќи англискиот репрезентативец заминува во Реал Мадрид на крајот од сезоната. И, замената е веќе готова, останува само да се дефинираат деталите за трансферот.
Дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, стана главна летна цел на Ливерпул. Ова се случи, повторуваме, откако Трент Александар-Арнолд објави дека ќе го напушти англискиот клуб на крајот од сезоната, објави „Give me Sport“.
Баер би можел да го пушти холандскиот играч за 35 милиони евра. Манчестер Сити и Селтик исто така се заинтересирани за трансферот, но Ливерпул е најблиску до потписот.
Оваа сезона, 24-годишниот Фримпонг одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и запиша 12 асистенции. Неговиот договор со Баер трае до летото 2028 година, а пазарната вредност на играчот, според „Трансфермаркт“, е 50 милиони евра.
Ливерпул очекува дека со купувањето на Фримпонг, соодветно ќе го компензираат заминувањето на човекот кој целата своја кариера ја помина во клубот. А Фрипомог, покрај искуството, знае и како да освојува титули.
Покрај шампионската круна освоена со Баер Леверкузен, холандскиот репрезентативец ја има и круната во шкотската Премиер лига, која ја освои со Селтик во сезоната 2019/20.