Млада жена од Шпанија се породила за време на летот од Брисел до шпанскиот град Кастиља на надморска височина од околу 5.500 метри.
Кратко по полетувањето, жената имала породилни контракции и ѝ пукнале водениците, а екипажот на авионот веднаш го известил капетанот, кој решил да слета на најблискиот аеродром, според белгиските медиуми.
Авионот на „Рајанер“ го смени правецот и слета во Лимож, Франција, каде што сите медицински служби го чекаа патникот.
Сепак, кога авионот слетал, жената веќе родила здраво девојче.