10
Мохамед Салах е Играч на годината во Премиер лигата, според фудбалските новинари. Египќанецот Салах ја освои наградата со 90 проценти од гласовите, што ја прави најубедливата победа на играч во овој век.
Египќанецот е само вториот играч кој три пати ја освоил наградата од новинарите за најдобар во сезоната, изедначувајќи се со легендата на Арсенал, Тиери Анри.
Congratulations, Mo 🤩@MoSalah is the @theofficialfwa Footballer of the Year 🏆 pic.twitter.com/WiRLLgvEJY
— Liverpool FC (@LFC) May 9, 2025
Салах постигна 33 гола за „црвените“ во сите натпреварувања оваа сезона, која сè уште не е завршена, од кои 28 беа во Премиер лигата, каде што ја освои својата втора шампионска титула.
Зад Салах остана Вирџил ван Дајк, додека Александар Исак е на третото место. Деклан Рајс беше на четвртото место.