Најмалку девет лица загинаа, а седум се повредени при уривање на повеќекатна станбена зграда во текот на ноќта во областа Ал Хасани, во градот Фес, на северот на Мароко, соопштија денеска локалните власти, а пренесоа француските медиуми.
Како што пренесува „Фигаро“, некои лица се тешко повредени. Зградата се најде на списокот на згради на кои им се заканува уривање и беше издадена наредба за евакуација на станарите.
Потрагата по преживеани под урнатините е во тек, а властите покренаа истрага. Жителите од околните куќи се евакуирани.
Во февруари 2024 година, пет лица загинаа во уривање на куќа во стариот дел на Фес.