Катастрофално невреме вчера го парализира шпанскиот регион Валенсија, предизвикувајќи хаос во сообраќајот и уништување на инфраструктурата. Град и пороен дожд ги преплавија улиците, покривајќи автомобили со дебел слој мраз и претворајќи урбаниот пејзаж во сцени налик на снежна бура.
Heavy rains accompanied by hailstorm in Villar del Arzobispo of Valencia province, Spain 🇪🇸 (08.05.2025) pic.twitter.com/5XUhA2czoB
— Disaster News (@Top_Disaster) May 8, 2025
Жителите беа затекнати од ненадејната временска промена, принудени да бараат засолниште додека поројните води носеа се пред себе. Според снимки објавени на социјалните мрежи, улиците беа претворени во потоци, а тротоарите изгледаа како да се покриени со снег.
Најтешко погодени беа местата Гувадасекијес, Каљес, Виљар дел Арсобиспо и л’Ољерија, каде слојот град достигна таква дебелина што возилата беа речиси целосно покриени. На терен се ангажирани околу 1.000 припадници на службите за итна интервенција, кои работат на расчистување на патиштата и санирање на последиците.
The hailstorm fell in Villar del Arzobispo of Valencia province, Spain 🇪🇸 (08.05.2025)pic.twitter.com/zudplEAXek
— Disaster News (@Top_Disaster) May 8, 2025
Овој регион, познат по своето сончево време и туристички капацитети, сè уште не се опоравил од минатогодишната катастрофа кога, во октомври 2024 година, Валенсија беше погодена од силна бура со поплави што однесоа 228 животи и расели околу 2.000 луѓе.
Дополнително, во април оваа година Шпанија и Португалија беа погодени од голем прекин на електричната енергија, што предизвика прекин на сообраќајот, затворање на болници и застој на аеродромите – што само ја комплицира ситуацијата со справување со временските екстреми.