32
Во Карпош продолжува акцијата за подигнување на стари, хаварисани возила согласно Законот за управување со отпад. Оваа недела се преземени мерки во УЗ Тафталиџе 1 и УЗ КЈП за возила без регистарски таблички, на кои веќе им е залепена налепница за дислокација.
Граѓаните кои поседуваат вакви возила и не ги отстранат по спроведената инспекциска постапка, ќе мора да ги покријат трошоците за нивно отстранување. Возилата ќе бидат транспортирани во депо и ќе бидат оставени на чување 7 дена, по што ќе следи рециклирање.
Акцијата ќе продолжи до целосно отстранување на сите старите возила на територијата на општината.