Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

Press OnlinePress Onlineмај 10, 2025 МАКЕДОНИЈА
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

0

„Наместо фалсификуваниот ТОЕФЛ сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски, да биде повод за институционално расчистување со неписменоста и фалсификатите во државната управа, Владата избра да го легализира проблемот“, соопштија од Левица.

„На 38-та седница, Владата донела срамен заклучок со кој ги задолжува министерствата да подготват измени на законите со цел задолжителноста на меѓународно признат јазичен сертификат за директорите да биде заменет со „обична потврда“ за познавање на англиски, француски или германски јазик – уверенија кои се без никаква реална проверлива вредност. Со овој чекор, Владата отворено признава дека нејзиниот главен проблем не е недостигот на кадри, туку недостигот на писмени кадри – а решението што го нуди е класичен обид за легализација на неписменоста, по мерка на партиската и корумпирана елита.

Оттука, власта наместо суштински и реформски измени во полза на народот – во собраниска процедура постојано турка закони по нивна мерка, во полза на нивните некадарни сопартијци, а не на народот. Сега, наместо измени на Законот за животната средина во насока на заострување на мерките против загадувачите – владата предлага измени со една и единствена цел: директорот на Управата за животна средина да не мора да поседува меѓународно признат јазичен сертификат. И ова не е прв ваков Предлог-закон, по овој шаблон се кројат и други закони, како што беше и Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој исто така се намалија стандардите за директор.

Левица најостро го осудува овој срамен обид за задоволување на клиентелистичките интереси на владејачката гарнитура, при што се разградуваат стандардите за стручност, отчетност и транспарентност при именување на раководни позиции. Особено симптоматично е што оваа пракса претставува директно продолжување на механизмот што со години го практикуваше поранешната власт предводена од ДУИ. Иако денес ДУИ не е дел од власта, ВМРО-ДПМНЕ очигледно ги презема истите методи за партиско вработување – сега институционализирани преку промени на законски норми. Наместо санкции за фалсификати, добиваме политичко прилагодување, со кое фалсификатот не се казнува, туку се унапредува во ново правило.

Левица потсетува дека неписменоста во институциите е симптом на длабок системски проблем: клиентелизам, непотизмот и партизацијата во сржта на државниот апарат. Овој чекор е уште една епизода во долгата серија на обесмислување на државата и нејзините институции – преку укинување на мерит системот и воспоставување режим на партиска послушност наместо професионализам! “, додаваат оттаму.

Поврзани содржини

„И оваа сабота одиме за Кочани“: „Кој е следен“ со нов повик за учество на „Маршот на ангелите“

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

Ван Нистелрој го напушта Лестер на крајот од сезоната

Арсовска му врати на Мицкоски: Сѐ уште не ги знае законите и нема основни познавања како функционира локалната самоуправа

Николоски од Лондон: Со шесте милијарди евра од Обединетото Кралство, Македонија ја носиме на

Меџити: Историски договор со Британија за решавање на проблемот со опасен отпад

Најнови вести

„И оваа сабота одиме за Кочани“: „Кој е следен“ со нов повик за учество на „Маршот на ангелите“

мај 23, 2025

„Замисли“ на дебата со штипјани: Партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

мај 23, 2025

Во Австралија поплави како што немало во последните 100 години, најмалку две лица загинаа

мај 23, 2025

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Ван Нистелрој го напушта Лестер на крајот од сезоната

мај 23, 2025
СПОРТ

„Нереално! Погледнете што му нуди Ал Наср на Роналдо – ова се пари што не се одбиваат“

мај 23, 2025

Никола Јокиќ доби нов главен тренер: Денвер објави кој ќе ги предводи Нагетсите

мај 23, 2025

Бекер со отворено срце за Ѓоковиќ: „Го сакам како брат, но мора да биде реален“

мај 23, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.