Мексико го тужи интернет гигантот Гугл поради промена од Мексиканскиот Залив во Американскиот Залив на неговата услуга „Мапс“, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.
Претседателката го објави ова за време на нејзината дневна прес-конференција, но не сподели многу детали за тужбата. Гугл сè уште не го коментираше случајот.
Во февруари, Гугл го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски залив за американските корисници на својата услуга „Мапс“ откако американската влада еднострано го преименуваше. Корисниците надвор од САД ќе ги видат двете имиња.
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди преименување на заливите на јужниот брег на САД и источниот брег на Мексико во чест на американската големина кратко време по преземањето на функцијата. Сегашното име за заливот на јужниот брег на САД се користи уште од 16 век.