Најмалку 13 цивили беа убиени во пакистанскиот дел од Кашмир во 12-часовна размена на оган меѓу индиските и пакистанските сили по воената акција на Исламабад против Индија во раните утрински часови, соопшти регионалната служба за вонредни ситуации.
Според истата служба, повеќе од 50 лица се повредени и во пакистанскиот регион, објави Ројтерс.
Тензиите меѓу двете нуклеарни сили, кои ја делат контролата врз Кашмир, ескалираа откако Индија во средата изврши напад врз, како што рече, „терористичка инфраструктура“ во Пакистан.
Пакистанскиот премиер Шефбаз Шариф денес изјави дека силите на земјата силно одговориле на повторените воени акции на Индија.