Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на „целосно и моментално“ примирје. Тој ја објави веста на својата социјална мрежа Truth Social.
„По долга ноќ преговори водени од Соединетите Американски Држави, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на целосен и моментален прекин на огнот. Честитки до двете земји за нивниот здрав разум и одлична интелигенција. Ви благодарам за вашето внимание!“ напиша Трамп.

