Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека во Украина мора да се спроведе целосно и безусловно 30-дневно примирје без никакви предуслови.
„Коалицијата на волјата се состана денес. Го поддржуваме предлогот за целосно и безусловно примирје од 30 дена. Мора да се спроведе без никакви предуслови за да се отвори патот за значајни мировни преговори“, напиша таа на социјалната мрежа X.
Таа посочи дека ЕУ е подготвена да го зголеми притисокот врз Русија доколку таа ја отфрли оваа понуда.