Советскиот меѓупланетарен вселенски брод „Космос-482“, кој не успеа да стигне до Венера во 1972 година, денеска навлезе во густите слоеви на атмосферата и падна во Индискиот Океан, објави денес руската вселенска агенција Роскосмос.
„Според пресметките на експертите од АД ЦНИИМаш (дел од Роскосмос), станицата влегла во густите слоеви на атмосферата во 9:24 часот по московско време, 560 километри западно од Средниот Андамански Остров и паднала во Индискиот Океан западно од Џакарта“, се вели во соопштението, пренесува Интерфакс.


Според државната корпорација, спуштањето на леталото било контролирано од Автоматизираниот систем за предупредување за вонредни ситуации во близина на вселената.
Космос-482 всё.
Теперь уже точно всё после перепроверки данных. Если вы следили за эпопей схода старого советского аппарата, который был дублёром миссии Венера-8 и на 53 года застрял на орбите, то можете выдохнуть. Спускаемый модуль безопасно упал в индийском океане, примерно в… pic.twitter.com/cfWhNySJP0
— Кукуруза как у томакруза 🌽 (@KYKYPY3A_B) May 10, 2025