Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Шефот на Рајанер жестоко го нападна Трамп: Лажго кој греши за Русија и Украина

16 јануари 2026

По пријава за семејно насилство, откриено автоматско оружје во Скопје, поведена истрага

16 јануари 2026

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16 јануари 2026

Би-би-си: Куба ја пресметува цената на сојузништвото по загинувањето на 32 војници во Венецуела

16 јануари 2026

MKJOB ја лансира првата AI платформа за барање работа во Македонија

16 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, јануари 16
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Со линеарното зголемување на пензијата 320 илјади пензионери ќе добијат помалку. Лаги и популизам, тврди проф.Узунов

Press OnlineBy Press Online22 јули 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во случај да се измени Законот за пресметка на пензиите, со што тие би растеле линеарно, наместо според растот на инфлацијата и просечната плата, најавеното зголемување на пензиите од 1.000 денари ќе им биде од корист на само 25.818 пензионери, односно 7,5 отсто од вкупниот број, покажа анализата на ТВ24 вести.



Но и за нив ова зголемување не е ништо повеќе од она што би им следувало по моменталната формула, или помалку од сто денари. Сите останати речиси 320 илјади пензионери со актуелната пресметка треба да добијат повеќе од 1.000 денари колку што предвидува линеарното зголемување.

И универзитетскиот професор Ванчо Узунов, смета дека промената на пресметката може да доведе до уривање на пензискиот систем, кој со децении се градел и развивал. Дополнително, вели Узунов, ваквиот потег е во функција на изборите.

– Зошто Владата сама не ја објасни суштината на ова, кој колку би добил од линеарното или процентуалното зголемување? Нема да објаснува, бидејќи самата вели – линеарно, затоа што линеарно полесно се продава. Ќе биде оштетен корпус на пензионери, но добар дел од пензионерите ќе мислат дека Владата постапила праведно, тука и логиката е друга – рече Узунов.

Официјалните податоци велат дека во земјава има речиси 345 илјади пензионери, од нив најголем процент добиваат месечна пензија што се движи од 18 до 22 илјади денари, или 35,7 отсто. Што се однесува до највисоката пензија што надминува 62.500 денари, таа ја добиваат помалку од еден отсто од пензионерите.

Податоците од ПИОМ откриваат дека речиси идентичен број пензионери ја добиваат најниската пензија, која изнесува до 18 илјади денари и онаа што се движи од близу 44.000 до 62.500 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата на денешната седница ќе го разгледа предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, по што ќе го достави до Собранието.

„Очекуваме линеарно зголемување на пензиите. Тоа го бараат пензионерите – процентот што треба да се зголеми да биде рамномерно распределен на сите пензионери“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека очекува Собранието да го изгласа законот пред распишувањето на локалните избори



Поврзани содржини

По пријава за семејно насилство, откриено автоматско оружје во Скопје, поведена истрага

16 јануари 2026

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16 јануари 2026

MKJOB ја лансира првата AI платформа за барање работа во Македонија

16 јануари 2026
НАЈНОВО

Шефот на Рајанер жестоко го нападна Трамп: Лажго кој греши за Русија и Украина

16 јануари 2026

По пријава за семејно насилство, откриено автоматско оружје во Скопје, поведена истрага

16 јануари 2026

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16 јануари 2026

Би-би-си: Куба ја пресметува цената на сојузништвото по загинувањето на 32 војници во Венецуела

16 јануари 2026

MKJOB ја лансира првата AI платформа за барање работа во Македонија

16 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.