Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Русија ги повикува своите граѓани да се воздржат од патување во Молдавија

16 јануари 2026

Стабилното владино мнозинство е шанса за длабоки економски и административни реформи

16 јануари 2026

Мој ДДВ е добар проект, дел од средствата се враќаат кај граѓаните

16 јануари 2026

Макрон и Мелони предлагаат разговори со Путин, Стармер не планира да разговара

16 јануари 2026

Славниот актер уапсен, може да добие 15 години затвор за сексуално злоставување деца

16 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, јануари 16
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Контраспин: „Антиалбанката“ Арсовска ги мрази Албанците од Чаир, а ги сака во Сарај?!

Press OnlineBy Press Online23 јули 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На конкретно прашање за негова изјава на една телевизија дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го нападнала т.н. „командант Барути“ во инцидентот од пред 10-на дена, како и дали смета дека тоа што го прави Арсовска со објавување на дивоградби во Чаир ќе влијае на неговиот рејтинг како потенцијален градоначалник, вицепремиерот Изет Меџити одговори со два спина:



Спин: (од 4.15 мин. во видеото): Прво не се работи за (командант-н.з.) Барути, туку за брат му…Има снимка. Имаше и кај вас. Значи се гледа кој удира…Ќе оставиме на истрагата, мислам на правдата, но од снимката се гледа кој удира во тој случај…

(по 11-та мин. во видеото): По ова што збори Данела, таму (во Чаир-н.з.) треба да се рушат градби да се остават стотици луѓе без домови, да се влечат по судови и (таа-н.з.) не дава никакво решение. Мислам дека таа нема морално право да збори бидејќи четири години нема ништо направено за Чаир. Ние обезбедивме пари од владата, 8 милиони евра и само требаше да го тераат проектот „Цветан Димов“, немаше волја од неа. Еве во моментот таа покажува дека е антиалбански настроена и анти-Чаир, бидејќи од Владата обезбедивме над 20 милиони евра да се реши главниот проблем Старата Скопска Чаршија, т.е. за 400 коли подземен паркинг…

[Извор: Канал 5/Вести плус – Изет Меџити; Датум – 21.07.2025]

Контраспин: На ваквото образложение (читај погоре) зошто градоначалничката на Скопје била антиалбански настроена – подземниот паркинг со 400 коли, новинарот му постави логично прашање на Меџити: Што има врска ова со антиалбанско? Тоа е за сите граѓани во главниот град на Македонија, на што Меџити одговара со контрапрашање, па зошто Арсовска не се бавела со сите дивоградби во Центар, во Гази Баба, во другите општини…? Но, за тоа подоцна во текстот.

Првиот спин на Меџити, еден од најекспонираните предводници на движењето што прераснува во партија ВЛЕН – е тој дека Арсовска била виновна во инцидентот од пред 10-на дена кога излегувајќи на терен пред една од дивоградбите во Чаир, заедно со советничка од Град Скопје и со инспекторки од Градот беше физички нападната од две лица. Меџити се реферира на една од снимките што вечерта беа пуштени низ неколку скопски медиуми и од кои се гледа само моментот кога некој замавнува со клоца кон машко лице. Истата теза дека можеби некој друг (веројатно Арсовска била напаѓачот), истата вечер како можност ја пласираше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Сител, а на Телма пак децидно тврдеше дека е лага дека тоа се случило пред полициски службеници.

Но, како што тврдеше попладнето и вечерта на 11.07.2025 и самата Арсовска, а малку подоцна тоа го утврди и истрагата, т.е. надлежното обвинителство, градоначалничката навистина била нападната од две лица, пред полициски службеници кои интервенирале да спречат поголем инцидент, при што на едното му беше одреден прво домашен, па од завчера и ефективен притвор, а и покренато обвинение. Од деталите и во првото и во второто соопштение на ОЈО Скопје, нема никакви дилеми кој кого нападнал. Па сепак, тоа не е причина за Меџити, да не спинува дека се знае кој бил напаѓачот, алудирајќи јасно на Арсовска, иако вели дека „ќе оставел на истрагата и на правдата“.

Вториот спин со антиалбанството на Арсовска е толку контрадикторен, што е дури и смешен. Меџити, ВЛЕН и нивниот коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ постојано, од првата објава на Арсовска за дивоградбите во Чаир, се „отепаа“ да докажат дека таа одработува за ДУИ, поради заеднички интереси со нејзиниот пријател, поранешниот градоначалник на Сарај Блерим Беџети и дека „со жената нешто не е во ред и има внатрешен немир“. Тие интереси дури и вчера во интервјуто Меџити ги лоцираше како финансиски, демек малолетен син на Беџети бил советник во едно од јавните претпријатија во Скопје и примал пари за тоа, а во интервјуто што е предмет на оваа рецензија, при крајот се споменува и дека Општина Сарај била единствена општина каде што и дивоградбите од колективните згради биле легализирани по едно евро за квадрат.

Дури и да е точна, оваа теза за антиалбанството на Арсовска е антитеза. Имено, Арсовска ги мрази Албанците од Чаир и таа покажала антиалбанство, а ги сака Албанците од Сарај!? Меџити не спомена, ама можеби за вакви спинови за идни настапи ќе му биде од полза и фактот дека во мај 2024 година, со помош на проект од Град Скопје, 12 населени места со преку 11 илјади жители добија постојан приклучок на градскиот водовод во Скопје од изворот Рашче.Поради погоре посочените аргументи може да се оцени дека овој дел од интервјуто на Меџити беше двоен спин, што, кога станува збор за Арсовска, и не му е првпат.

Пишува: Теофил Блажевски

Извор: Вистиномер



Поврзани содржини

Стабилното владино мнозинство е шанса за длабоки економски и административни реформи

16 јануари 2026

Мој ДДВ е добар проект, дел од средствата се враќаат кај граѓаните

16 јануари 2026

Работодавачите понекогаш треба да се откажат од својот профит и да инвестираат во своите вработени

16 јануари 2026
НАЈНОВО

Русија ги повикува своите граѓани да се воздржат од патување во Молдавија

16 јануари 2026

Стабилното владино мнозинство е шанса за длабоки економски и административни реформи

16 јануари 2026

Мој ДДВ е добар проект, дел од средствата се враќаат кај граѓаните

16 јануари 2026

Макрон и Мелони предлагаат разговори со Путин, Стармер не планира да разговара

16 јануари 2026

Славниот актер уапсен, може да добие 15 години затвор за сексуално злоставување деца

16 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.