Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно

10 јуни 2026

Бранови високи до 11 метри го погодија Велингтон, евакуирани стотици жители

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Кошта: На денешниот свет му е потребно поблиско партнерство помеѓу ЕУ и Јапонија

Press OnlineBy Press Online23 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Повеќе од кога било на светот му е потребно поблиско партнерство помеѓу ЕУ и Јапонија, изградено врз заеднички вредности и интереси, порача денеска во Токио претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на почетокот на Самитот ЕУ-Јапонија.

– Јапонија е нашиот најблизок партнер во Индо-Пацификот. Партнерството ЕУ-Јапонија претставува стабилен модел на соработка што промовира мир, демократија и меѓународен поредок базиран на правила и мултилатерализам, рече Кошта.

Тој нагласи дека клучен столб на европско-јапонските односи е партнерството во сферата на безбедноста и одбраната.

– Ова партнерство е уште позначајно во еден се понестабилен и непредвидлив свет. Работиме заедно за да го зголемиме нашиот просперитет преку трговија и иновации и да ја зајакнеме економската безбедност и отпорноста на синџирот на снабдување, додаде Кошта.

Според него, благодарение на Договорот за економско партнерство меѓу ЕУ и Јапонија меѓусебните трговски текови се зголемиле за 20 проценти, со што оваа спогодба се покажала како голем успех.

– Сега, нашата нова Алијанса за конкурентност ќе ги зајакне нашите економски врски уште повеќе, заклучи Кошта во обраќањето.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своето обраќање на почетокот на Самитот истакна дека суштината на партнерство меѓу ЕУ и Јапонија е во смиреноста, отпорноста и длабоката вкоренетост, што има особена вредност во денешниот турбулентен свет.

– Европа и Јапонија се блиски и доверливи пријатели. Ги споделуваме вредностите праведност, отвореност и почитување на правилата. И заедно, ние сме способни не само да ги браниме нашите интереси, туку и да ги обликуваме глобалните случувања, порача Фон дер Лајен.

Потсетувајќи дека ЕУ и Јапонија заедно креираат една петтина од глобалниот БДП, Фон дер Лајен нагласи дека нивното значење е уште поголемо благодарение на Договорот за економско партнерство, кој, како што рече, е солиден и дава резултати.

– Овој самит е наша шанса да ги преземеме следните чекори. Да ја зајакнеме нашата заедничка конкурентност, да ја подобриме нашата заедничка безбедност и да поставиме глобални стандарди усогласени со нашите вредности, додаде Фон дер Лајен.

Покрај Кошта и Фон дер Лајен, во составот на европската делегација што учествува на Самитот е и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Поврзани содржини

Петровска: Власта нема капацитет за реформи и ја губи довербата во институциите

10 јуни 2026

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

10 јуни 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно

10 јуни 2026

Бранови високи до 11 метри го погодија Велингтон, евакуирани стотици жители

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.