Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Русија и Украина не постигнаа договор за прекин на огнот, ќе има размена на војници и цивили

Press OnlineBy Press Online23 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Истанбул денеска се одржа третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, а главниот резултат од преговорите е договор за продолжување на размената на војници, но и цивили, пренесе Тас.

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на руската делегација на преговорите, Владимир Медински, по третата рунда изјави дека Русија ѝ понудила на Украина размена на најмалку 1.200 воени заробеници од двете страни, како и Кијив да го разгледа прашањето за кратки прекини на огнот од 24 или 48 часа за да се преземат ранетите и телата на загинатите војници.

Русија понудила да ги предаде телата на уште три илјади украински војници, додавајќи дека Москва досега ги вратила телата на повеќе од 7.000 украински војници на Кијив, но додал и дека ќе продолжат неограничените медицински размени на тешко ранети и болни лица на борбената линија.

Медински навел дека руската делегација понудила Украина да формира три работни групи кои би работеле онлајн.

Тој додал дека санитарните екипи од двете страни се изложени на преголем ризик во „сивата зона“ на фронтот.

Двете страни разговараа за прашањето за враќање на цивилите раселени како резултат на воените операции.

Зборувајќи за ставовите изнесени во меморандумите за време на претходните рунди, Медински рече дека тие се многу оддалечени еден од друг и изрази надеж за оперативни контакти со украинската страна не само на ниво на делегации, туку и на ниво на работни групи.

Медински рече дека не сите раселени жители од руската Курска област се вратени дома, туку дека 30 од нив се притворени „од непозната причина“, и оти Кијив мора да го разјасни нивниот статус.

Тој наведе дека сите хуманитарни договори од втората рунда се исполнети.

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и шеф на украинската делегација на преговорите, Рустем Умеров, по состанокот изјави дека Украина продолжува да инсистира на целосен и безусловен прекин на огнот како неопходна основа за ефикасна дипломатија.

– Подготвени сме за прекин на огнот сега и за почеток на значајни мировни преговори. И од двете страни зависи да се согласат околу овој основен чекор кон мир. Нагласуваме дека прекинот на огнот мора да биде искрен. Мора да вклучува целосен прекин на нападите врз цивили и критична инфраструктура. Можни се вистински чекори – и секоја страна мора да покаже конструктивен и реалистичен пристап, рече Умеров.

Пред почетокот на преговорите, се одржа состанок само меѓу Умеров и Медински.

Во палатата Чираган, каде што се одржаа преговорите, присутни беа и турски функционери.

Поврзани содржини

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.