Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Повисока плата – синдикатите се договорија со Владата, за минималецот нема пари, а ќе се намалат функционерските коефициенти

8 февруари 2026

Најтопло денеска во Гевгелија, измерени 18 степени

8 февруари 2026

Следната седмица заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег

8 февруари 2026

Сообраќајна несреќа помеѓу возило и мопед, тешко повреден 17-годишник

8 февруари 2026

Лишен од слобода струмичанец поради измами со лажни лекари и сообраќајки

8 февруари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, февруари 8
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Калас: ЕУ бара одговорност и казни за предизвикувачите на најновото насилство во Сирија

Press OnlineBy Press Online24 јули 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Унија остро го осудува насилството што минатата недела резултираше со стотици жртви во јужна Сирија, а особено нападите врз цивили за кои се тврди дека ги извршиле неколку вооружени групи, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

– Повикуваме на транспарентна, веродостојна и непристрасна истрага и за повикување на одговорност на сторителите на тешките прекршувања на меѓународното хуманитарно право и на човековите права и нивно изведување пред лицето на правдата, наведе Калас во писмената изјава по повод најновата ескалација на насилството во Сирија.

Калас порача дека мора целосно да се почитува договорениот прекин на огнот и затоа ЕУ повикува сите страни веднаш да ги запрат актите на насилство, да ја гарантираат безбедноста на цивилите без оглед на нивната етничка или верска припадност, да ја зачуваат цивилната инфраструктура, вклучително и верските објекти, и да преземат итни чекори за да спречат какво било понатамошно поттикнување на насилство и секташки поделби.

– ЕУ ги поддржува своите партнери во обезбедувањето клучна хуманитарна помош во услови на тековната вонредна состојба. Ги повикуваме сите страни, особено преодните власти, да обезбедат итен, безбеден и неограничен хуманитарен пристап до здравствени услуги, вода и храна, како и заштита на хуманитарниот персонал, потенцира Калас.

Таа натаму нагласува дека ЕУ ги повикува сите надворешни актери, без исклучок, целосно да го почитуваат единството, независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и ги осудува сите еднострани странски воени активности и присуство, како и обидите за поткопување на стабилноста на Сирија и перспективите за мирна транзиција, вклучително и преку манипулации и ширење дезинформации од странство.

– Сега е време за дијалог и за унапредување на вистинска инклузивна и мирна транзиција, која ќе ги гарантира човековите права и ќе ги исполни очекувањата на сите Сиријци. Преодните власти на Сирија носат одговорност да ги заштитат сите Сиријци без исклучок и да преземат неопходни чекори за разоружување, демобилизација и преструктуирање на националните безбедносни сили во согласност со меѓународните норми и стандарди, додава високата претставничка на ЕУ.

Калас посочува и дека ЕУ и натаму е подготвена да помогне во овие напори и ја повторува својата поддршка за мирна и инклузивна транзиција што ќе ја спроведат самите Сиријци.

Поврзани содржини

Повисока плата – синдикатите се договорија со Владата, за минималецот нема пари, а ќе се намалат функционерските коефициенти

8 февруари 2026

Најтопло денеска во Гевгелија, измерени 18 степени

8 февруари 2026

Следната седмица заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег

8 февруари 2026
НАЈНОВО

Повисока плата – синдикатите се договорија со Владата, за минималецот нема пари, а ќе се намалат функционерските коефициенти

8 февруари 2026

Најтопло денеска во Гевгелија, измерени 18 степени

8 февруари 2026

Следната седмица заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег

8 февруари 2026

Сообраќајна несреќа помеѓу возило и мопед, тешко повреден 17-годишник

8 февруари 2026

Лишен од слобода струмичанец поради измами со лажни лекари и сообраќајки

8 февруари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.