Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД

20 јуни 2026

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец

20 јуни 2026

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

20 јуни 2026

Израелски тенк погоден во Либан, четворица војници убиени

20 јуни 2026

Норвешка ќе отвори Конзулат на Гренланд

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Косовци од Британија силувале 28 – годишна девојка во Хрватска

Press OnlineBy Press Online24 јули 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

24

Истражен судија од Жупанискиот суд во Сплит одреди едномесечен притвор за тројца државјани на Велика Британија, од кои двајца се со потекло од Косово, поради сомнение за тешко кривично дело против полова слобода – силување на 28-годишна девојка во еден хотел во хрватскиот град, јавија локалните медиуми.

Според информациите, инцидентот се случил во вторник рано наутро, помеѓу 5 и 7:30 часот, кога жртвата, која претходно ги запознала осомничените на популарната локација „Матејушка“, прифатила да оди со нив во хотелска соба.

Првoобвинетиот ја навредувал и физички ѝ се нафрлил, а потоа ја принудил на полови односи со вториот осомничен, и покрај нејзиниот отпор и жалби на болка. Жртвата давала отпор, а во еден момент успеала да се ослободи и да повика пријател, кој веднаш се јавил во полиција.

Полицијата реагирала брзо и го уапсила еден од осомничените на самото место, а другите двајца биле лоцирани и приведени подоцна.

Сите тројца ја негираат вината и тврдат дека сè се случило без присила.
Сепак, судот им одреди притвор поради ризик од бегство. Според хрватскиот Кривичен законик, за ова дело е предвидена затворска казна од шест месеци до десет години.

Поврзани содржини

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД

20 јуни 2026

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

20 јуни 2026

Израелски тенк погоден во Либан, четворица војници убиени

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД

20 јуни 2026

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец

20 јуни 2026

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

20 јуни 2026

Израелски тенк погоден во Либан, четворица војници убиени

20 јуни 2026

Норвешка ќе отвори Конзулат на Гренланд

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.