Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026

Кузеска: Македонија стана слепо црево на Балканот и на Европа – изолирана, задолжена и без перспектива

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Иранскиот претседател предупредува: Водната криза може да го испразни Техеран

Press OnlineBy Press Online24 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека поради сериозната водна криза, 15-милионската популација на Техеран може да биде принудена да го напушти градот, јави иранскиот портал Аср-Иран, пренесува ДПА.

– Ситуацијата е критична – Техеран речиси и да нема вода, изјави Пезешкијан, додавајќи дека не е исклучена можноста да се донесе итна одлука за преместување на главниот град.

Според податоците, Иран се соочува со водна криза во над 20 од вкупно 31 провинција. Државната новинска агенција ИРНА јавува дека еден од најголемите резервоари може целосно да пресуши во наредните четири недели.

Во седум резервоари нивото на вода е под 10 отсто, а две брани – во провинциите Хормозган и Фарс – веќе целосно пресушиле. Вкупно 80 отсто од водните капацитети во земјата се речиси празни.

Климатолози предупредуваат дека нормално водоснабдување нема да биде можно во наредните два месеца ако не дојде до обилни врнежи.

Пезешкијан ја обвини претходната влада дека го игнорирала проблемот, и додаде дека две последователни години на суша се меѓу главните причини за кризата.

Поради ситуацијата, сите државни институции и училишта се затворени барем до сабота, а неколку претпријатија го прекинале производството поради недостиг на вода и електрична енергија.

Многу жители веќе го напуштаат Техеран, заминувајќи кон провинциите покрај Каспиското Море, кои засега немаат проблеми со водоснабдувањето.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026

Кузеска: Македонија стана слепо црево на Балканот и на Европа – изолирана, задолжена и без перспектива

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026

Кузеска: Македонија стана слепо црево на Балканот и на Европа – изолирана, задолжена и без перспектива

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.