Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026

Кузеска: Македонија стана слепо црево на Балканот и на Европа – изолирана, задолжена и без перспектива

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Муртезани во Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од ревизионизам и билатерални условувања

Press OnlineBy Press Online24 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Процесот на проширување треба да остане заштитен од билатерални блокади и ревизионистички наративи и е неопходно воспоставување ефективни европски механизми за воведување и мониторинг на европските стандарди и експертиза, особено во доменот на историските и билатерални прашања, со цел да се обезбеди правичност и предвидливост на патот кон членството, истакнал министерот за европски прашања Орхан Муртезани на средбата во Берлин со неговиот германски колега Гинтер Крихбаум.

Како што соопшти МЕП, во таа насока била потенцирана важноста од зајакнување на европските инструменти за надзор, како гаранција за кредибилитетот на евроинтегративниот процес.

Муртезани му честитал на министерот Крихбаум за неговото неодамнешно именување, посакувајќи му успех кој ќе се рефлектира позитивно не само на Германија, туку и на Европа и Западен Балкан.

Тој исто така изразил благодарност за континуираната германска поддршка и пријателство, подвлекувајќи ја важната улога на Германија во процесот на европската интеграција на Северна Македонија, особено за принципиелниот пристап на Берлин во заштитата на европските вредности и одвојувањето на билатералните прашања од пристапниот процес, како што беше потврдено и за време на германското претседателство со Советот на ЕУ во 2020 година.

-Во фокусот на разговорите биле и прашањата поврзани со евроинтегративниот процес при што заеднички беше констатирано дека трансформативната моќ на европската интеграција може да се реализира единствено преку пристап базиран на заслуги, кој ќе овозможи јасна и опиплива перспектива за граѓаните на земјите-кандидати, стои во соопштението на Министерството.

Муртезани нагласил дека европскиот проект не може да биде целосен без интеграцијата на Западниот Балкан и дека реформите, владеењето на правото и усогласувањето со европските вредности се услов без кој не може да се напредува, но и дека Унијата мора паралелно да обезбеди сопствена институционална подготвеност за проширување.

Тој ја поздравил и германската поддршка за постепена интеграција на земјите-кандидати во ЕУ, со зачувување на критериумите и европските стандарди, но и со обезбедување конкретни придобивки за граѓаните уште во текот на пристапниот процес.

Муртезани и Крихбаум разговаралр и за актуелната Реформска агенда на Северна Македонија и за улогата на германските институции во евроинтегративниот процес преку поддршка на структурните реформи, јакнењето на владеењето на правото и доброто управување, како и преку реализација на бројни Твининг и Таекс проекти каде Германија често е водечки партнер.

Била потенцирана важноста на споделувањето на германското искуство за спроведување на европското законодавство (acquis) и за унапредување на институционалните капацитети на Северна Македонија за користење на европските фондови и имплементација на реформите.

Соговорниците размениле мислења за понатамошно унапредување на регионалната соработка преку Берлинскиот процес, кој претставува клучна платформа за зајакнување на добрососедството, економската интеграција и мобилноста во Западен Балкан, како и за реализација на Зелениот договор и Заедничкиот регионален пазар.

Од МЕП додаваат дека биле истакнати придобивките од конкретните иницијативи и договори постигнати во рамки на Берлинскиот процес, кои го унапредуваат европскиот дух и поврзаноста на регионот со Унијата.

Во текот на средбата биле разгледани и можностите за продлабочување на партнерството во иднина, преку интензивирање на соработката во клучните сектори, пренос на европско знаење и експертиза, како и преку заеднички проекти насочени кон подобрување на животот на граѓаните и приближување кон европските стандарди.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026

Кузеска: Македонија стана слепо црево на Балканот и на Европа – изолирана, задолжена и без перспектива

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026

Кузеска: Македонија стана слепо црево на Балканот и на Европа – изолирана, задолжена и без перспектива

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.