Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Падна одлука: На Израел му дозволија да учествува на Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Скандал ја тресе Евровизија: Словенија, Шпанија, Холандија и Ирска го откажаа учеството поради Израел

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

ЕУ ќе и додели 15 милиони евра помош на албанската Армија

Press OnlinePress Onlineјули 25, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на помош од 15 милиони евра за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Вооружените сили на Албанија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Станува збор за втор пакет помош за Албанија во рамките на Европскиот мировен инструмент, откако претходно на албанската Армија и беа доделени 13 милиони евра ја зајакнување на способноста за навремено и ефикасно распоредување.

– Албанија е близок и постојан партнер на ЕУ во надворешната и безбедносната политика, придонесува во операциите на ЕУ и е сојузник во НАТО. Зајакнувањето на нашата безбедносна и одбранбена соработка со Албанија директно ги зајакнува европската стабилност, безбедност и мир, порача високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по повод денешната одлука на Советот.

Дополнителните 15 милони евра помош, според Советот на ЕУ, ќе придонесат за зголемување на можностите на Албанија да придонесува во операциите и мисиите на Унијата и на другите меѓународни коалиции.

Со овие средства, за потребите на Вооружените сили на Албанија ќе бидат обезбедени лесни оклопни повеќенаменски, тактички и инженерски возила, материјали и услуги поврзани со нив, како и обука за оперативни активности и одржување.

– Денешната одлука го илустрира силниот континуиран ангажман на ЕУ со Албанија во однос на безбедноста и одбраната. Таа, исто така, ја одразува заедничката посветеност за зајакнување на соработката во оваа област, врз основа на Договорот за партнерството во безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Албанија во ноември 2024 година и започнувањето на првиот дијалог за безбедност и одбрана во април 2025 година. Усвојувањето на новиот пакет за поддршка е потврда за целосното усогласување на Албанија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се додава во соопштението на Советот на ЕУ.

Во април оваа година Советот на ЕУ, исто така преку Европскиот мировен инструмент, и додели 15 милиони евра помош и на македонската Армија за зајакнување на нејзините одбранбени капацитети и способности и оперативна подготвеност.

Овие средства беа наменети за обезбедување опрема за разузнавање, надзор и извидување и за електронско војување, потоа комунални и инженерски возила, комуникациски и информациски системи и опрема за борбена обука, како и за оперативна обука за нивно користење.

Од 2023 година, па досега вкупната помош од ЕУ за земјава во рамки на Европскиот мировен инструмент достигна 38 милиони евра.

Поврзани објави

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

декември 4, 2025

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

декември 4, 2025

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

декември 4, 2025
НАЈНОВО

Падна одлука: На Израел му дозволија да учествува на Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Скандал ја тресе Евровизија: Словенија, Шпанија, Холандија и Ирска го откажаа учеството поради Израел

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.