Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Државата има рекордно полнење на буџетот, капиталните инвестиции за прв пат видливи на терен

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

Симеонова за „Локално“: Радев ужива голем рејтинг во Бугарија, но водењето на политичка партија е многу потешко отколку управувањето од претседателската институција

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

48 американски волонтери се колнат на служба во Македонија

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Тренчевска: Власта спроведува историска измама на пензионерите

Press OnlinePress Onlineјули 25, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Власта спроведува историска измама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026. Зошто?, се посочува во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на пратеничката Јована Тренчевска што МИА го пренесува интегрално, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска.

Затоа што со ваково линеарно зголемување од 1.000 денари, Владата го укинува правичното законско усогласување – со што пензиите ќе се зголема многу повеќе, нагласи Тренчевска.

Таа истакна дека механизмот што го донесе СДСМ да ги штити пензиите од инфлација и раст на трошоците за живот ќе значеше зголемивање на сите пензии за 5% во септември и уште 5% во март, со сегашното ниво на трошоци и плати,

Сега, 92,5% од сите пензионери – над 318.000 луѓе – се оштетени и ќе добијат помали пензии отколку што реално им следува и заслужиле, рече Тренчевска.

Некои помали дури и за 2.000 денари, некои помали и за 4.000 денари.

Ете толку им краде владата на пензионерите во септември и март.

Само 7,5% ќе добијат некаква корист, и тоа – помалку од тоа што им следува и го заслужиле.

Ова не е „повисока пензија“, ова е системска измама и пресметан грабеж.

Погрешните политики на Владата на Мицкоски се рецепт за сиромаштија на пензионерите.

Тренчевска нагласи дека, инфлацијата во земјата изнесува 4,5% – што директно го јаде животниот стандард на пензионерите.  Трошоците за живот пораснаа за над 6.000 денари годишно.

А дефицитот на ПИОМ фондот надминува 47% и секојдневно расте. Ова е сериозен аларм и загрозување на исплатата на пензиите во иднина.

Луѓето кои целиот живот го посветивте на работа, на земјата, на општеството не заслужувата ваков однос од сопствената власт, посочи Тренчевска.

Не смееме да дозволиме оние што ги изградиле училиштата, болниците, патиштата, фабриките – денес да живеат со страв од сметки, со скратена пензија, со чувство дека се заборавени.

Пензинерите не бараат милостина, им следува она што со години, со труд и одрекување, го заслужиле, рече пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска.

Поврзани објави

Државата има рекордно полнење на буџетот, капиталните инвестиции за прв пат видливи на терен

декември 5, 2025

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

декември 5, 2025

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Државата има рекордно полнење на буџетот, капиталните инвестиции за прв пат видливи на терен

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

Симеонова за „Локално“: Радев ужива голем рејтинг во Бугарија, но водењето на политичка партија е многу потешко отколку управувањето од претседателската институција

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

48 американски волонтери се колнат на служба во Македонија

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.