Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

Press OnlineBy Press Online25 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во период кога Македонија се обидува да ги надмине последните бариери кон Европската Унија, новата власт предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се чини дека свесно отвора стари рани и го поткопува патот кон Брисел. Последниот потег – предлогот за резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет – наместо да ја зацврсти позицијата на државата, според експертите и политичките аналитичари, води кон самосаботажа на европскиот курс.

Нано Ружин

Нано Ружин: Ова е игра за внатрешна употреба, не за реална дипломатија

Професорот и поранешен амбасадор во НАТО, Нано Ружин, во изјава за Фронтлајн ја опиша резолуцијата како политички театар за домашна публика, а не како сериозен обид за решавање на спорот.

„Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе за внатрешна употреба… тешко е дека таа ќе биде прифатена од страна на Софија,“ вели Ружин, додавајќи дека дипломатските процеси не се „бинг-бинг“ игри каде се добива сè без компромис.

Според него, фокусот одамна е пренасочен кон Брисел, а не кон Софија, и резолуцијата повеќе служи за рејтиншко позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ, отколку како реален дипломатски механизам.

Димитар Николовски

Николовски: Прашањата се затворени, ВМРО-ДПМНЕ отвора врати што одамна се заклучени

Извршниот директор на Евротинк, Димитар Николовски, потсетува дека прашањата за јазикот и идентитетот веќе се решени и потврдени во европските документи.

„Резолуцијата пред се не е потребна. Прашањето со јазикот е веќе затворено со постоечки документи на ЕУ, а за идентитетот е непотребно да биде решен со политичка декларација. Во овој момент, не се преговара за идентитетот, а многувековноста е исто така проблематична затоа што отвора повеќе прашања и интерпретации отколкку што затвора. Од друга страна, наивно е да се очекува дека Бугарија ќе прифати вакво нешто без да даде и своја контра-понуда, со изнесување на факти кои не би нѝ се допаѓале нам,“ потенцира Николовски.

Кристина Костова

СДСМ: Штетна резолуција што ѝ дава простор на Бугарија за нови условувања

Во слична линија беше и реакцијата на СДСМ, преку заменик-претседателката Кристина Костова, која го нарече потегот на ВМРО-ДПМНЕ намерно отворање на затворени прашања со цел политичка манипулација.

„ВМРО-ДПМНЕ отвора прашања кои веќе се затворени… ваквиот потег ѝ дава дополнителен маневарски простор на бугарската страна за нови условувања,“ вели таа.

Од СДСМ прашуваат:

„Дали ВМРО-ДПМНЕ свесно сака да ја втурне државата до пораз во пораз за потребите на своја кампања?“ и дали „ова не е уште едно договорено сценарио со дел од ним блиски бугарски европратеници“?

Политика на саботажа или стратегија на одложување?

Критичарите сè погласно зборуваат дека оваа резолуција нема реална вредност во односите со Бугарија или со ЕУ, туку има единствена цел – да се продуцира вештачки конфликт кој ќе му овозможи на ВМРО-ДПМНЕ да глуми заштитник на националните интереси, додека всушност ја саботира интеграцијата.

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е израз на државничка грижа туку партиски трик со висока цена. Во време кога земјата треба да ги фокусира сите напори кон членство во ЕУ, отворањето на прашања кои се веќе затворени значи само едно: одложување, блокирање и изолација.

Дестан Јонузи

Поврзани содржини

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

26 јуни 2026

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.