Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Галетановски до Левица: Не ги фолирајте граѓаните, Скопјани памтат што направивме во ЗОО

26 јуни 2026

Воените „јастреби“ бараат од Путин да ги прекине разговорите со САД и да употреби нуклеарно оружје во Украина

26 јуни 2026

Запалени двете возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ

26 јуни 2026

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин

26 јуни 2026

Во Германија измерен апсолутен температурен рекорд

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје

Press OnlineBy Press Online27 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на вчерашниот ден повторно констатира енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 360.000 кубни метри. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, велат од јавното градско претпријатие.

-Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со ограничена количина од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл.ично, порачуваат од ЈП „Водовод и канлизација“.

Воедно апелираат до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.

-Се укажува дека досега не се постапува соодветно за санкционирање на кражба на вода од другите институции кои имаат надлежност за тоа. Загубите на вода од 65 отсто не се поради дефекти, туку главно поради кражби преку нелегално приклучување на згради, куќи и др објект и користење на питка вода наместо техничка за полевање на земјоделски површини. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk, посочуваат од „Водовод и канализација“ и истакнуваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.

Поврзани содржини

Галетановски до Левица: Не ги фолирајте граѓаните, Скопјани памтат што направивме во ЗОО

26 јуни 2026

Запалени двете возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ

26 јуни 2026

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Галетановски до Левица: Не ги фолирајте граѓаните, Скопјани памтат што направивме во ЗОО

26 јуни 2026

Воените „јастреби“ бараат од Путин да ги прекине разговорите со САД и да употреби нуклеарно оружје во Украина

26 јуни 2026

Запалени двете возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ

26 јуни 2026

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин

26 јуни 2026

Во Германија измерен апсолутен температурен рекорд

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.