Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Американскиот Конгрес одобри милијарди долари за борба против илегалната имиграција

10 јуни 2026

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Од остри зборови до пријателска прегратка: „Падна“ помирувањето на асовите што сите го чекаа во Интер

Press OnlineBy Press Online27 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

9

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, и турскиот играч од средниот ред, Хакан Чалханоглу, се помирија по неодамнешниот горчлив конфликт, што го докажува заедничката фотографија што ја објавија на социјалните мрежи.

Откако Интер загуби од Флуминензе (2-0) во осминафиналето на Светското клупско првенство, Лаутаро Мартинез остро ги критикуваше играчите кои „не сакаат да бидат во клубот“.

Иако не прецизираше на кого мисли, претседателот на Интер, Џузепе Марота, посочи дека пораката е упатена до Хакан Чалханоглу.

Турчинот беше погоден од зборовите на капитенот на Интер, кој рече:

„Кој не сака да остане, може да си замине“, рече Лаутаро.

Сепак, Чалханоглу одговори преку соопштение на социјалните мрежи, барајќи почит и објаснувајќи ја вистинската природа на неговото отсуство.

Тој рече дека не играл поради повреда на мускулот што ја добил за време на тренингот во САД, а не затоа што сакал да го напушти Интер.

„Историјата ги памети оние што остануваат на нозе, а не оние што викаат најгласно“, напиша Чалханоглу.

Сепак, „падна“ помирување меѓу двајцата. Чалханоглу рече дека сака да остане во Интер и дека ќе го прегрне капитенот Мартинез кога ќе се сретнат, што и го направи.

Лаутаро Мартинез, кој се врати на тренинзите, исто така сакаше да стави крај на контроверзноста. Капитенот на Интер објави приказна на својот Инстаграм профил во која може да се види како пријателски разговара со Чалханоглу и го прегрнува.

Нивната фотографија предизвика воодушевување кај навивачите на „нероазурите“, кои сега можат многу помирно да се подготват за новата сезона по тензиите што се појавија во соблекувалната.

Поврзани содржини

Петровска: Власта нема капацитет за реформи и ја губи довербата во институциите

10 јуни 2026

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

10 јуни 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Американскиот Конгрес одобри милијарди долари за борба против илегалната имиграција

10 јуни 2026

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.