Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Американската војска повторно го нападна Иран

26 мај 2026

Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд

26 мај 2026

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт

26 мај 2026

Кина испрати 15.000 тони ориз во Куба

26 мај 2026

Сенката од „Брегзит“ се надвисна над Канада по референдумот за независност на Алберта

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Сакате совршен тен? Вклучете ги овие намирници во вашата исхрана

Press OnlineBy Press Online27 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

11

Во текот на летото, многумина се стремат кон здрав, рамномерен тен. И додека кремите за сончање се основна заштита, начинот на кој се храните може многу да придонесе за поубав и подолготраен тен.

Храната богата со витамини А, Б, Ц и Е не само што ја подобрува способноста на кожата да апсорбира сончева светлина, туку и ја штити од нивното штетно дејство. Наместо да се потпираме исклучиво на надворешна заштита, време е да обрнеме дополнително внимание на тоа што внесуваме во организмот.

Во продолжение ви ги претставуваме намирниците кои можат да придонесат за поубав тен и поздрава кожа во текот на сончевите денови.

Витаминот А, особено во форма на бета-каротен, го стимулира производството на меланин – пигментот одговорен за потемнување на кожата. Покрај тоа, бета-каротенот помага во отстранувањето на темните дамки и обезбедува дополнителна заштита од УВ зрачење. Најмногу се наоѓа во храна како што се моркови и домати, кои треба редовно да се вклучуваат во исхраната во текот на летото.

Храната богата со витамини Б и Е, како што се рибата и мешунките, играат важна улога во одржувањето на хидрираноста на кожата и спречувањето на нејзиното лупење. Тие исто така го продолжуваат трајноста на тенот, правејќи го тенот рамномерен и сјаен.

Витаминот Е се издвојува по своите антиоксидантни својства – ги штити клетките на кожата од оштетување и го забавува процесот на стареење. Авокадото и маслиновото масло се одлични извори на овој витамин.

Цитрусните овошја, кивито и јагодите се богати со витамин Ц, кој спречува појава на темни дамки и помага во осветлување на постоечките. Освен што придонесува за сјајот на кожата, витаминот Ц го зајакнува имунитетот и ја прави кожата поотпорна на надворешни влијанија.

Риба (сардини, лосос, туна, инчуни) – богата со протеини и омега-3 масни киселини кои помагаат во регенерацијата на кожата оштетена од сонце.

Спанаќот – нискокалоричен и полн со растителни влакна, е одличен извор на бета-каротен, кој во телото се претвора во витамин А.

Авокадо – вистинска „суперхрана“ за кожата, полна со здрави масти и витамин Е, идеална за зачувување на влажноста и еластичноста на кожата.

Маслиновото масло – вреден сојузник против алергии на сонце, благодарение на високата содржина на витамин Е.

Лубеница – не само омилено летно освежување, туку и природен извор на ликопен и вода кои ѝ помагаат на кожата да остане хидрирана и заштитена.

Поврзани содржини

Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд

26 мај 2026

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026
НАЈНОВО

Американската војска повторно го нападна Иран

26 мај 2026

Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд

26 мај 2026

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт

26 мај 2026

Кина испрати 15.000 тони ориз во Куба

26 мај 2026

Сенката од „Брегзит“ се надвисна над Канада по референдумот за независност на Алберта

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.