Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Утре температурите ќе паднат до -3 степени

30 април 2026

ЕУ подготвува „пакет за забрзана постепена интеграција“ на Украина

30 април 2026

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков се оддалечува од принципите на ЗНАМ

30 април 2026

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа

30 април 2026

„Кошмарни“ редици и пропуштени летови: Турбулентен почеток на системот за влез и излез на ЕУ

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

На денот на смртта на мајка му Људмила, се самоубил внукот на бугарскиот диктатор Тодор Живков

Press OnlineBy Press Online27 јули 2025 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

216

Тодор Славков (54), според досегашните сознанија на обвинителството, се самоубил, јави Бугарското национално радио.

Бугарските медиуми вчеравечер известија дека во селото Асен во областа на Казанлк, бил пронајден мртов Тодор Славков, внук на последниот комунистички владетел на Бугарија, Тодор Живков – од неговата ќерка Људмила. Повеќе податоци вчера и утрово не беа соопштени, но БНР околу пладне ги потврди шпекулациите што се ширеа во бугарската јавност – дека е можно да станува збор за самоубиство.

Според Реонското обвинителство Стара Загора, кое ја води истрагата за смртта на Славков, повик до итните служби на бројот 112 вчера во 16:49 часот бил упатен од куќа за гости во селото Асен, при што било наведено дека починал Тодор Славков. На местото излегле полициски и медицински екипи, а со судско-медицинската експертиза е утврдено дека станува збор за самоубиство со огнено оружје. Нема докази за насилна смрт, извести БНР.

Тодор Славков, именуван по неговиот дедо, поседувал со дозвола револер со калибар 22. Во куќата за гости бил сам веќе две седмици.

Тодор Славков е роден на 18 мај 1971 година. Неговата мајка умира на 21 јули 1981 година, во нецелосно разјаснети околности. „Официјалната“ верзија за нејзината смрт е мозочен или срцев удар, но се смета и дека е можно да се самоубила давејќи се во када со вода во резиденцијата на Тодор Живков во комплексот „Бојана“. Во последниве години се раширија и шпекулации дека е можно да била убиена од агент на КГБ продрен во најблиското окружување на Тодор Живков, поради нејзините залагања за бугарската култура и историја.

На истиот ден – 21 јули – во 2021 умира и нејзиниот брат Владимир Живков, вујко на Тодор Славков, а сега и 54-годишникот замина од овој свет на 21 јули.

Тодор Славков е дете од вториот брак на Људмила Живкова, една од најживописните личности на бугарската политичка сцена во социјализмот. Има афинитет за Источните учења уште од нејзините студии во Велика Британија. Таа едно време е и министер за култура и е главниот иницијатор за одбележувањето „1 300 години Бугарија“ во 1981 година, за изградбата на НДК во Софија и за низа археолошки и други истражувања на бугарската историја. Беше позната и како пријателка на познатата пророчица од Петрич, родената струмичанка Баба Ванѓа.

Во годината на падот на режимот на неговиот дедо Тодор Живков – 1989 година – Тодор Славков матурирал во Првата англиска јазична гимназија во Софија, а студирал Бизнис менаџмент на Универзитет Сен Гален во Швајцарија. За неговата егзистенција по враќањето од Швајцарија во бугарската јавност има главно шпекулации. Доста присутни се оние за живеење од „црните фондови“ од дедо му и од татко му Иван Славков, долгогодишен претседател на Бугарскиот олимписки комитет и на Бугарската национална телевизија

Поврзани содржини

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија

30 април 2026

Пронајдено тело во езеро на загребски Максимир

30 април 2026

Снег на Златибор и Копаоник

30 април 2026
НАЈНОВО

Утре температурите ќе паднат до -3 степени

30 април 2026

ЕУ подготвува „пакет за забрзана постепена интеграција“ на Украина

30 април 2026

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков се оддалечува од принципите на ЗНАМ

30 април 2026

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа

30 април 2026

„Кошмарни“ редици и пропуштени летови: Турбулентен почеток на системот за влез и излез на ЕУ

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.